Секоја од моќните состојки на овој појадок за кој велат дека е најздравиот појадок на свет, има низа добри дејствија врз организмот, а сите заедно се супер енергетска бомба идеална за почеток на денот.
Лесно се подготвува, а со сигурност ќе ви користи.
Пробајте да го јадете секое утро во текот на еден месец и очекувајте промени кон подобро.
Покрај тоа што го подобрува варењето и ви дава енергија за цел ден, тој е и добра превенција од разни инфекции.
Инаку, појадокот се подготвува за 5 минути
Состојки:
1 јогурт
1 лажица јаболков пектин (рецептот е во продолжение)
1 лажица мед
40-50 грама сечкани ореви
пола лажичка цимет
30 капки прополис
3 лажици овесна каша
суво овошје по избор
Приготвување:
Вечерта пред да си легнете измешајте јогурт и јаболков пектин и оваа смеса ставете ја во фрижидер.
Ова можете да го направите и наутро, доколку имате повеќе време за да почекате да се поврзат.
Потоа додадете ги другите состојки.
Што е пектин и како да го подготвите?
Пектин е вид на влакна кои се наоѓаат во растенијата, а јаболките содржат посебно висок процент на пектин. Јаболковиот пектин придонесува за разградување на масните наслоги. Тој ја намалува апсорцијата на мастите од храната и го подобрува работењето на дебелото црево.
Состојки:
1 килограм органски јаболка
2,5 литри вода.
Приготвување:
Јаболките треба да ги измиете, да ги излупите и исчистите.
Исечете ги на мали парчиња
Во тенџере на силен оган ставете 2,5 литри вода бидејќи пектинот мора за најкратко време да постигне висока темература, инаку може да се распадне.
Јаболката и водата брзо зовријте ги и варете околу 30 минути.
Потоа мешајќи продолжете да ги варите, се додека смесата не стане густа. Со лажица исцедете ја смесата, и веднаш ставете ја во стерилизирана тегла.
Зошто овој појадок е најдобар?
Го подобрува имунитетот.
Превенција е за многу инфекции. Има анти-воспалително дејство.
Ја подобрува циркулацијата.
Им дава подобар изглед на кожата и косата.
Ги штити забите.
Помага за губење на килажата.