Зошто за појадок треба да се јадат јајца…

...И други златни правила на здравата исхрана

0
1125

Дали сте загрижени дека ќе почнете да го губите помнењето? Дали ви е тешко да се сконцентрирате на обврските?

Придржувајте се до овие правила и не се грижете:

Јадете здрави масти

Околу 60 отсто од материите во мозокот се состојат од масти, најмногу омега-3. Се покажало дека омега-3 мастите ја подобруваат концентрацијата, помнењето, концентрацијата и расположението.
Намирниците богати со омега-3 масти се рибите како што се скуша, лосос и сардини. Помеѓу вегетаријанските извори се лененото семе, чиа семето и оревите. Во останатите здрави масти спаѓаат мононезаситените масти кои се наоѓаат во маслиновото масло и во авокадото.

Јајца за појадок

Поттикнете ја работата на мозокот наутро такашто ќе појадувате јајца. Протеините во жолчката го зголемуваат нивото на минокиселини во крвта кои се клучни за лачење на серотонин и допамин, хормони во организмот кои даваат добро расположение.
Исто така, јајцата содржат холин, хранлива материја за која се смета дека го подобрува помнењето.

Додадете зачини

Зачинете ги оброците со куркума. Овој темножолт зачин е една од клучните состојки на карито во прав и има бројни предности за мозокот. Куркуминот, активната состојка на куркумата, го подобрува помнењето, го одложува падот на когнитивните способности во позрела возраст и ја ублажува депресијата.

Ферментирајте ја храната

Мозокот и цревата се поврзани со ситни микроби кои живеат во цревата. Овие добри бактерии создаваат невротрансмитери и аминокислеини кои влијаат на мозокот такашто ги контролираат воспаленијата и лачењето на хормони.
Внесувањето на ферментирана храна како што е јогуртот, кефирот и киселата зелка може да го зголеми нивото на цревни микроби, што има позитивно влијание на расположението и однесувањето.

Јадете зелено

Зеленчукот како кељот, спанаќот и брокулите претставуваат одлична храна за мозокот. Би било добро да воведете две порции во секојдневната исхрана.
Овој зеленчук може да се свари, да се јаде сиров или да се додаде во супа или во смути. Добар извор е на магнезиум, едем од есенцијалните минерали кои помагаат телото и мозокот да се смират кога се под стрес.