Ина Гартен е авторка на десет успешни готвачи, а од 2002 година е и одителка на кулинарското шоу „Barefoot Contessa“ на Food Network. Веруваме дека во својата богата кариера испробала многу рецепти за врело чоколадо, но најдраг ѝ е токму овој, со црно чоколадо и црвен пипер.
Наведените состојки се за двајца, а подготовката трае само пет минути.
Состојки:
500 мл млеко
1 лажица кафеав шеќер
150 г црно чоколадо
½ лажичка екстракт од ванила
Прстофат мелен цимет
Прстофат црвен пипер
2 стапчиња цимет
Приготвување:
- Загрејте ги млекото и шеќерот на тивок оган. Тргнете од огнот и додадете го искршеното чоколадо, ванилата, циметот и црвениот пипер.
- Почекајте две минути, помешајте, а потоа вратете го на оган и почекајте да зоврие.
- Тргнете од оган и ставете во шолјите па сервирајте со стапчиња цимет.