Најновите истражувања спроведени на Универзитетот Харвард покажуваат дека исхраната без глутен, која е особено популарна последните неколку години, може да биде многу опасна за нашето здравје и организам.
Секако, во ова не спаѓаат заболените од целијакии од кои боледува еден отсто од целокупното население.
Целијакијата е болест кај која имунолошкиот систем реагира на глутенот и го напаѓа тенкото црево, па заболените никако не смеат да го консумираат.
Но само заболените од целијакии!
Последните години е во тренд избегнувањето на овој „омразен“ протеин кој се добива од пченица, р’ж, јачмен и други сродни житарки.
Но реалноста е сосема поинаква, па луѓето кои не боледуваат од целијакии би требало дури да размислат за зголемување на внесувањето на глутен за да ги избегнат хроничните болести, а особено дијабетесот.
Истражувањето опфатило анализа на 30-годишните здравствени податоци од вкупно 200.000 испитаници.
Не се пронајдени никакви негативни последици од глутенот за здравјето, но откриено е дека луѓето кои значително го намалиле внесувањето на глутен или воопшто не го консумираат имаат дури 13 отсто поголем ризик да заболат од дијабетес тип 2.