Кекси со сирење

0
320

Се прават за само неколку минути и се задоволувачка алтернатива за чизкејк. Она што ги прави уште подобри е можноста да се замрзнат.

Топчињата тесто можете да ги чувате во замрзнувач три месеци и да ги испечете кога ќе посакате нешто слатко.

Веројатно сите состојки веќе ги имате во фрижидерот.

Состојки:

200 г брашно
½ лажичка прашок за пециво
½ лажичка сода
¼ лажичка сол
120 г путер
12- г крем сирење или несолена урда
200 г шеќер
1 јајце
1 лажичка екстракт од ванила
30 г шеќер во прав

Приготвување:

1. Помешајте ги брашното, прашокот за пециво, содата и солта.
2. Во друг сад измешајте го путерот со сирењето (урдата) и шеќерот. Кога смесата ќе стане кремава и посветла, додадете ги јајцето и екстрактот од ванила, а потоа и брашното.
3. Ставете го тестото во фрижидер на 1 час. Загрејте ја рерната на 180 степени и обложете ја тепсијата за печење со хартија.
4. Со помош на лажица направете мали топчиња и наредете ги во тепсијата, но оставете поммеѓу нив растојание.
5. Печете ги 8-10 минути, извадете ги и оставете да се оладат. Поросете ги со шеќер и уживајте.