Грчка салата со сардини и шпагети во сос од сардини

0
712

Грчка салата со сардини

Состојки:

3 лажици сок од лимон
2 лажици маслиново масло
1 чешне лук
1 лажица суво оригано
½ лажичка црн пипер
4 средни домати
2 средно големи краставици
0,5 кг варен наут (или оној од конзерва, но добро измијте го)
10 дкг здробено фета сирење
1 поголем црвен кромид
10 дкг маслинки без семки
2 конзерви сардини

Приготвување:

Во сад измешајте сок од лимон, ситно сечкан лук, оригано, црн пипер, па додадете покрупни кришки домати и поголеми парчиња краставици.

Додадете ги наутот, фета сирењето и маслинките исечкани на тркалца, па се измешајте.

Одозгора ставете ги сардините.

Сицилијански тестенини со сардини и анасон

Состојки:

3 солени инчуни
10 дкг презли
4 лажици маслиново масло
1 средно голем црвен кромид ситно исечкан
0,5 дл бело вино
2 лажици пире од домати
8 сардини
30 г суво грозје
30 г пињоли
Прстофат шафран
1 лажица семки од анасон натопени во алку вода
20 дкг шпагети

Приготвување:

Инчуните измијте ги и исушете ги и отстранете им ја средната коска.

Во големо тенџере ставете вода за варење на тестенините и добро посолете. За загреана тава, нез масло, пропржете ги презлите, па тргнете ги од оган.

Во тава загрејте маслиново масло и додадете исечкан кромид и пропржете го, а потоа додадете ги инчуните и мешајте додека не се растопат.

Додадете вино, малку нека испари, па додадете и пире од домати и многу малку вода.

Додадете ги сардините, грозјето, пињолите, шафранот и анасонот. Зачинете по вкус, покопете и варете десет минути.
Во зовриена вода сварете ги шпагетите, а потоа исцедете ги и додадете ги во тавата со сосот. Добро измешајте, тргнете од оган и поросете со пржени презли.