Кревко, меко, а одозгора крцкаво. Стоено во маринада од пиво, поливано и добро испечено. Компирите се исто така превкусни, па кога ќе го ставите парчето компир во уста не можете да не се прашате како е можно една толку едноставна и неугледна намирница како што е компирот, да биде толку вкусна.
И да, знаеме дека според нутриционистите комбинацијата на месо и компири не е добра ама, вкусна е, нели?
Тајната на ова печење е во – пивото?! Не е само до пивото, има тука и многу љубов.