Крамбл со јаболка и суво грозје
Состојки:
1,5 кг јаболка
100 г суво грозје
200 г брашно
150 г жолт шеќер
250 г путер
Лажичка цимет
Прстофат сол
Приготвување:
Јаболките излупете ги и исечете ги на кришки. Во тавче растопете 40 г путер, пропржете ги јаболката 5 минути на умерена температура, па поросете ги со 50 г жолт шеќер и пржете уште 3-5 минути со постојано мешање додека овошјето благо не се карамелизира. Потоа помешајте цимет и суво грозје и оставете да се лади. Загрејте ја рерната на 180 степени.
Во длабок сад помешајте ги брашното, 100 грама жолт шеќер и прстофат сол. Потоа додадете 200 грама путер и замесете грутчесто тесто. Со половина од тестото обложете го дното од калапот за колач, па додадете ги карамелизираните јаболка и прекријте ги со остатокот од тестото. Печете околу 30 минути.
Јаболка и круши
Состојки:
3 круши
3 јаболка
150 г жолт шеќер
150 г брашно
130 г мек путер
Ванилин шеќер
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ги јаболкката и крушите и исечкајте ги на коцки, а потоа ставете ги во огноотпорен сад за колач.
Во длабока чинија помешајте ги брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа додадете го путерот исечен на коцки и заесете додека не добиете хомогено мрсно тесто. Потоа истрошете го тестото врз овошјето и печете го колачот околу 30 минути.