Седум намирници кои можете да ги јадете во неограничени количини

Можеби мислите дека кога сте на диета треба да се воздржувате од се и дека нема шанси да јадете нешто во неограничени количини а притоа да не се здебелите. Но тоа не мора да биде точно.

0
1325

Постојат намирници кои освен што се здрави, имаат и толку малку калории што нема шанси од нив да се здебелите. Затос, наполнете го фрижидерот со овие намирници кои добро ќе ви дојдат секогаш кога ќе почувствувате глад или ќе посакате нешто да грицнете.

Немрсни пуканки

Ако имате машинче за правење пуканки или тавче во кое може да се пржи без зејтин, тогаш пуканките се идеални за било кое време од денот. Пуканките во количина која може да ја собере во една поголема дланка има само 31 калорија.

Рукола

Совршена е за салати, особено за оние со пармезан, маслиново масло и морска сол.

Боровинки

Ова овошје можете да го вклопите во секој оброк, а шолја боровинки има само 85 калории. Додадете ги во мусли, јогурт или направете вкусно смути со банана и сок од лимон.

Целер

Полн е со вода и влакна, а две стапчиња целер имаат само 13 калории и се одлично во комбинација со хумус.

Белки

Белката од едно јајце има само 17 калории такашто без страв можете да си направите поголема кајгана само од белки со додадот на спанаќ, шери домати и фета.

Портокали

Не мора да ги употребувате смао како сок. Тие се полни со витамин Ц но и со други минирели како фолна кислеина, натриум и витамин Б12. Еден средно голем портокал има 62 калории, а може да ве засити и да ве држи до следниот оброк.

Батат

Богат е со бета каротен, пигмент кој се претвора во вотамин А во нашето тело. Едно просечно големо парче има 112 калории, а е исклучително хранлив.