Чипс од кељ

Кога ќе се спомне чипс обично помислуваме на нешто нездраво, но за среќа, луѓето измислиле и здрави варијанти.

0
501

Состојки:
½ главица кељ
Химелајска сол
2 лажици маслиново масло
2 лажици сок од лимон
Црн пипер

Приготвување:

1. Одвојте ги листовите кељ и добро измијте ги
2. Наредете ги на крпа и оставете ги да се исушат
3. Исечете ги листовите на помали делови
4. Помешајте ги сокот од лион, маслиновото масло и црн пипер па прелијте врз ливчињата кељ.
5. Распоредете ги врз тепсија обложена со хартија за печење.
6. Ставете ги во загреана рерна на 175˚C и печете ги околу 10 минути.
7. На крајот посолете ги, изладете ги и послужете.

Совет: Ако сакате чипс од кељ со повеќе вкусови, пред печењето поросете ги со малку пармезан.