Обожавателите на тестенини се поздрави и внесуваат помалку масти?!

0
544

Неодамнешното истражување спроведено од страна на National Pasta Association покажало дека редовните консументи на тестенини внесуваат поголеми количини важни витамини и минерали во својот организам од оние кои тоа поретко го прават.

Иако можеби ќе помислите дека оваа организација на љубители на тестенини ги „наместила“ резултатите во своја полза, податоците  на кои било спроведено истражувањето дошле од  National Health and Nutrition Examination Survey (NHANES), официјалната национална програма на САД за спроведување на анкети поврзани со здравствена и нутриционистичка тематика.

При собирањето на податоци, ги земале предвид прехранбените навики на возрасни Американци постари од 19 години, од 2001.до 2012.година и заклучиле дека оние кои јаделе повеќе тестенини  во организмот имаат повисоко ниво на фолна киселина, железо, магнезиум и диетални влакна, значи на се што е потребно за здрава, избалансирана исхрана.

Покрај сето ова се покажало и дека љубителите на тестенини внесуваат помал број на заситени масти и додадени шеќери, два најголеми фактори во исхраната кои водат кон дебелеење.

Единствено што не го понудило истражувањето е колкава количина или колку често би требало да се консумираат тестенини.

Балансирана исхрана

Треба да се има на ум дека овие сознанија во суштина се показател на тоа дека тестенините секогаш би требало да бидат дел од добро балансираната исхрана.

Диана Веланд, регистрирана диететичарка и менаџер на нутриционистичката комуникација за National Pasta Association нагласува дека „тестенините можат да бидат ефективни во изградбата на квалитетна исхрана затоа што служат како совршен систем за „достава“ на овошје, зеленчук, немрсно месо, риба и мешунки во организмот. Оваа анализа ја подвлекува нутритивната вредност на житарките како есенцијална во здравата исхрана. Покажува како нејзините љубители се водат по поквалитетни диети од оние кои не ги јадат или ги избегнуваат.

Дополнителни докази

Со ова истражување доаѓа и едно од минатата година кое е спроведено на 2.300, секако, Италијани. Неговите резултати покажале дека консумирањето на тестенини е поврзано со понизок индекс на телесна маса. Студијата тврдела дека оние кои редовно јаделе тестенини биле дури и послаби од оние кои се воздржувале од јагленохидрати.

Значи, без страв уживајте во омилените тестенини но сепак внимавајте на количината затоа што и најздравата храна престанува да биде здрава ако се прејадете!