Сигурни сме дека и вие како и повеќето луѓе, а особено деца и млади, сакате да јадете паста. Но веројатно не знаете многу интересни факти за неа.
Еве неколку факти.
1. Потеклото
Денеска по автоматизам ја поврзуваме со Италија, но Италијанците не се првите што ја јаделе. Се верува дека Кинезите знаат за паста уште од 5000 година пр.н.е., но да, Италијанцте се оние кои ја направија популарна ширум Европа и на другите континенти.
2. Зошто е пастата паста?
Дали знаете од каде потекнува терминот паста? Зборот паста очугледно потекнува од италијанскиот јазик и има значење на мешавина од брашно и вода, но Италијанците овој збор го усвоиле од латинскиот јазик, кадешто таа значела тесто или пециво-колач. Но дури ни тука не лежи самиот корен на зборот паста! Изворот може да се следи се до стариот грчки збор pastos, што значи попрскан со сол или – накусо кажано – посолен.
3. Пастата е светска ѕвезда
Да, пастата е вистинска светска ѕвезда затоа што е толку популарна во светот. Не е тешко да се погоди дека е најпопуларна во Италија, но дали знаевте дека просечен Италијанец јаде повеќе од 20 килограми паста секоја година?
4. Производство на паста
Дали знаете која земја произведува најмногу паста? Секако, Италија. А дали знаете колку паста се произведува таму во текот на годината? Речиси три милиони тони, што е заедничка тежина на околу пола милион слонови или на 37,5 милиони мажи.
5. Облици на пастата
Постојат повеќе од 600 различни познати облици на паста во денешниот свет. Со среќа ако планирате сите да ги пробате.
6. Како се јаде паста?
Сигурно сте пробале да ја јадете на различни начини, но постои само еден вистински – со помош на само една вилушка. И затоа заборавете на лажици, две вилушки или какви било други иновативни „алатки“ и покажете ѝ достија почит на пастата.
7. Пастата и октомври
Знаеме дека е денеска (25.октомври) меѓународен ден на пастата, но важно е да се каже и дека цел овој месец се третира како месец на пастата. Кристофер Колумбо, еден од најпознатите Италијанци на сите времиња е исто така роден во октомври.
8. Паста со сос од домати
Оваа комбинација е веројатно најпопуларното јадење од паста на целиот свет. Значи, мора да е и многу старо? Погрешно! Пастата е со нас со илјадници години, но сосот од домати е додаден дури на почетокот од 18/.век. Тоа е речиси 200 години подоцна откако пастата ѝ е претставена на Европа.
9. Нутритивна вредност на пастата
Дали знаевте дека една просечна шолја сварена паста содржи околу 200 калории? Но ова не се обични калории, тие имаат вистинска моќ! Пастата содржи јаглени хидрати, малку протеини и многу малку масти и воопшто холестерол. А тоа ја прави многу хранлива па на телото му дава и многу енергија.
10. Пастата ќе ве усреќи
И тоа само зашто има добар вкус, туку и затоа што јадењето на паста го зголемува нивото на серотонин кој е активатор на позитивни чувства. Пастата навистина може да ве направи среќни!
11. Папата и пастата
Денеска Папата има многу важни задолженија, но дефинитивно запоставил една од своите битни задачи во минатото. Папата некогаш бил задолжен за квалутетот на пастата во Италија, со оглед на тоа што првите стандарди за квалутетот на пастата ги втемелил еден од папите уште во 13.век.
12. Бои на пастата
Пастата ја има во многу бои. Зелена паста се прави од спанаќ, црвена од домати, сива од мастило од сипа.