Состојки:
За тестото:
200 г брашно
1 прашок за пециво
80 г путер
1 јајце
2 лажици ладна вода
1 лажичка сол
За филот:
300 г козјо сирење
3 јајца
1-2 главици црвен кромид
Малку мед
2 чешниња лук
2-3 гранчиња магдонос
2 лажици пармезан
Прстофат сол, малку црн пипер
Приготвување:
Помешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Ладниот путер исечете го на парчиња и додадете го во брашното. Потоа додадете го јајцето и две лажици вода и замесете тесто.
Тестото обликувајте го во топка и завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер додека го подготвувате филот.
Во еден сад измешајте ги ренданото сирење, јајцата, пармезанот и малку магдонос или свеж босилек.
О одделен сад на малку путер со кафеав шеќер направете карамелизиран кромид (додадете и една лажица мед).
Кромидот и лукот мораат да бидат целосно карамелизирани. Ставете ги потоа во садот со сирење, а дел од смесата оставете за да го полиете кишот.
Печете го на 200 степени 15-20 минути.