Здравата храна е скапа, но овие 7 намирници не се

Овие седум супер намирници можете да си ги дозволите и кога ви е паричникот празен

0
1009

Во дуќаните со здрава и органска храна цените се бесрамно високи, но тоа не значи дека не можете да се храните здраво, дури и ако ви е паричникот речиси празен.

Она што порано се сметаше за достапнс, ефтина храна, денеска е вистински луксуз.

Органската и здрава храна чини како суво злато, но за среќа, се уште има здрави намирници  кои може секој да си ги дозволи.

Овесна каша

Многу стручњаци тврдат дека овесната каша е најдобар оброк за почеток на денот. Го забрзува метаболизмот, го намалува холестеролот и е полна со влакна поради кои сме долго сити. Содржат каллциум, железо и магнезиум и е одлична за трудниците.

Палента

Ги јакне ѕидовите на дебелото црево и е одлична за срцето. Не соддржи глутен па можат да ја јадат и оние што се алергични.

Грав во конзерва

Ако имате слаба коса и нокти задолжително земете и конзерва грав во кој има полно железо. Можете да го помешате со зелена салата и е одлична замена за месо бидејќи ги содржи речиси сите есенцијални аминокиселини важни за вашето здравје. Одличен извор е на калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк и натриум и полн е со белковини.

Наут

Ги чува вашите коски, срце и системот за крвоток, а цинкот што го содржи ги спречува честите настинки и инфекции. Освен цинк, содржи и магнезиум и железо, па од него, со малку маслиново масло и лук, можете да направите вкусен хумус.

Јајца

Јајцата се еден од најдобрите извори на протеини и се полни со антиоксиданси па ги чуваат нашите очи, нервниот и мозочниот систем, а благодарение на витаминот Д, и коските, забите и косата.

Зелка, спанаќ, целер,…

Кога ќе видите зеленчук од типот на зелка, спанаќ, целер, и слично, по одлична цена, не ја прескокнувајте можноста. Тие се полни со витамини и минерали кои ќе се погрижат за вашето здравје!

Цвекло

Таканаречената кралица на здравјето го чисти црниот дроб и им помага на сите кои се борат со слабокрвност. Богато е со влакна, па го забрзува метаболизмот и ги олеснува проблемите со нередовни столици, ја зголемува мускулната издржливост и го подобрува расположението. Содржи бројни минерали како магнезиум, калиум, калциум, магнезиум, железо и фосфор, ја обновува крвта и делува на сузбивање на појавата на злокобни болести.