Состојки:
2 кг дуњи
2 кг шеќер
1 лимон
100 г сечкани ореви
Приготвување:
1. Дуњите се лупат, па се сечат на покрупни коцки. Се варат во вода додека не омекнат, а потоа се оставаат малку да се изладат и да се исцедат.
2. Потоа дуњите се пасираат и се мешаат а добиената каша се враќа во садот. Се додаваат шеќер и сок од лимон, а потоа се варат на умерена температура постојано мешајќи додека не се згусне.
3. Во готовата смеса се додаваат исечкани ореви.
4. Тепсијата се навлажнува со врела вода, се цеди и во неа се става приготвената смеса. Се покрива со газа и се остава на ладно да се стегне. Нека мирува најмалку 14 дена за да може да се сече на парчиња.