Свинско во сос со круши

Време е за круши! Не мора секогаш да ги спарувате во слатка комбинација. Пробајте, одлични се и во солена варијанта

0
487

Состојки:

2 мажици масло
сол, црн пипер
прстофат црвен пипер
400 г свински шницли
2 главици кромид
2 чешниња лук
малку жалфија
500 мл сок од јаболки
2 круши
100 мл павлака за готвење

Приготвување:

Свинските шницли исечете ги на стапчиња и зачинете со сол, црн пипер и црвен пипер. Оставете ги да отстојат 10 минути.
Во меѓувреме исечкајте ги кромидот и лукот.
Во поголем сад ставете масло и загрејте го па додадете го месото и пропржете го на тивок оган додека не се зарумени. Кога ќе биде готово извадете го на чинија.
Во истото масло ставете го кромидот и динстајте додека на стане стаклест, а потоа додадате го и лукот. По една минута вратете го и месото, залијте го со сокот од јаболка и оставете го да се вари полека додека не омекне. По 20 минути додадете жалфија и павлака за готвење а при крајот од готвењето и парчиња исечени круши. Варете уште 10 минути и послужете.