Што е маж без месо?

0
593

Истражувањето на Универзитетот Бристол открило дека мажите кои се хранат исклучиво со зеленчук се посклони кон депресија. Она „кукање“ заради ручекот без месо е веројатно само почеток…

Исхраната во која нема месо покажала низа здравствени предности. Секој кој се храни вегетаријански или вегански прави добро за својот организам, на пример, за крвотокот, затоа што таквиот начин на исхрана во значителна мерка го намалува ризикот од инфаркт или мозочен удар во однос на „месојадците“. Меѓутоа, како и секогаш, постои едно „Но…“

Досега не се истражувала поврзаноста помеѓу исхраната и психата – се до истражувањето спроведено на британскиот универзитет Бристол. Резултатите се објавени во списанието „Journal of Affective Disorders“, а наведени се и разликите помеѓу веганите (кои се хранат исклучиво со растителни производи – не јадат јајца ниту млечни производи ниту што и да е друго што има врска со животните, дури ни мед) и вегетаријанците.

Резултат: од 9668 мажи имало 350 „тревојади“. Сите покажале поголема склоност кон депресија, а особено веганите.

Причина за ова е недостатокот на витамин Б-12.

Објаснување: недостатокот на витамин Б-12, кој се наоѓа единствено во месните и млечните производи, предизвикува психички болести. Најверојатно, еднаква улога има и недостатокот на железо (честа појава кај веганите). Двата недостатоци предизвикуваат замор и пад на концентрација. Тоа може лесно да се открие преку тестови на крвта, а потоа недостатокот може да се надокнади до суплементи.