Заборавете на правење тесто, оваа пита од тиквички е совршена токму таква каква што е – без кора и со прекрасна арома на сланина или панцета.
Состојки:
1 поголема тиквичка
2 лажици кисела павлака
1 шолја брашно
2 јајца
Кашкавал
Сланина или панцета
Магдонос
Путер
Сол, црн пипер
Приготвување:
- Изрендајте ја тиквичката или тенко исечкајте ја, посолете и оставете ја некое време за да пушти вода, па исцедете ја.
- Префрлете ја во сад и помешајте ја со павлаката, брашното, јајцата, сечакниот магдонос и претходно пропржената сланина.
- Поврзете ги сите состојки заедно во густа сеса па префрлете ги во калап премачкан со путер.
- Поросете со рендан кашкавал и печете на 200 степени додека не добие златна боја.