Збогум на пластиката (ВИДЕО)

0
657

Во историјата на многу азиски краишта листовите од банани служеле како површина за пишување. Се користат за варење и сервирање на храна во многу тропски и суптропски поднебја, во религиски церемонии во Хиндузимот и Будизмот…

Па дури и за градба на покриви и огради. Да, толку се цврсти. Постои уште еден начин на користење на листовите од банани, а полека, но сигурно, тие го наоѓаат својот пат кон широка употреба. Така, наскоро, наместо пластични чинии и чаши на своите излети и скара-забави би можжеле да користиме целосно природни и биоразградливи чинии од листови од банана. Тие се доволно цврсти за да поднесат и жешка и мрсна храна.

Една германска фирма, Leaf Republic, почнала со производство на еколошки чинии. Произведени се исклучиво од лисја, а овие листови растат одново 3 пати годишно, а чиниите можат целосно да се разградат во компост.