Септември е месец на нови почетоци, прифаќање на нови здрави навики, започнување со спортска активност, правилна исхрана, нови методи за релаксација, грижа за здравјето и изгледот, кои потоа се трудиме да ги одржиме во текот на целата година.
Па така, и овој септември, на 23-ти и 24-ти, ќе се одржи третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo – најголемиот интерактивен настан за здрав животен стил кај нас.
На HFW Expo секогаш има нешто ново, па овојпат настанот е со заслужено освежување и тоа во нов, аутдор концепт, на нова локација – во Градскиот Парк во Скопје! Оваа година, програмата на настанот и двата дена ќе трае од 11 до 19 часот, а ќе биде лоциран на терените „Работнички“.
Двете успешно реализирани изминати изданија, кои покрија огромен број на теми за здравиот начин на живеење, здравата исхрана и спортувањето, козметиката и грижата за себе низ секое поле, укажуваат на фактот дека интересот за оваа тематика кај македонската публика се повеќе и повеќе се зголемува.
Затоа, оваа година подгответе се за уште поголем настан и уште побогата програма, распределена на дури четири сцени и тоа: Health Zone, Fitness Stage, Wellness Corner и Kids Corner. Дополнителен анимациски агол е предвиден и за натпреварот со препреки и многу вредни награди за оние кои ќе учествуваат и ќе остварат најдобри резултати.
HFW Expo е настан кој нуди голем број на бесплатни корисни совети и информации, промотивни понуди, едукација, вредни награди, отворени бесплатни тренинзи, третмани и тоа за сите возрасни граници, потреби и навики. Токму затоа, посетителите на овој настан се од најразлични возрасни групи, пол и професии.
Наскоро ќе бидат објавени сите организации кои се приклучија и ќе учествуваат на овој настан, а ги има навистина многу (преку 80)! За повеќе информации околу целосната програма, изложувачите и учесниците, следете ја Facebook фан страната и официјалниот Facebook настан.
Здравите навики прераснуваат во животен стил, а Health, Fitness & Wellness Expo прераснува во традиција. Бидете на HFW Expo!