Авокадото е една од нутритивно најбогатите тропски овошја, исклучително здрава намирница која вашиот оброк ќе го збогати со здрави масти. Освен тоа, авокадото е полно со калиум и магнезиум, две хранливи состојки кои помагаат за намалување на крвниот притисок. Тостот со авокадо и јајца на око е гурмански хит број 1, а во комбинација со малку чили ќе ви овозможи енергетски богат појадок во кој ќе уживате како вистински хедонист.
Состојки:
2 јајца на око
интегрален леб
1 лажичка сок од лимон
1 авокадо
малку сол и црн пипер
чили пиперчиња
Приготвување:
1. Направете ги јајцата на око (најдобро е да бидат поширани или испечени во тавче за палачинки со многу малку путер)
2. Излупете го и згмечете го авокадото и додадете сок од лимон, сол и црн пипер.
3. Намачкајте ја смесата на секоја кришка леб и одозгора ставете по едно јајце на око, украсете по желба со магдонос, копа или босилек и се разбира, малку чили.