Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион, продолжувањето на традицијата која е темел на нашиот рурален развој, креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентација на традиционалната храна годинава повторно ќе бидат дел од манифестацијата “Охридска софра” која ќе се одржи утре (02 септември) во селото Скребатно.
Манифестацијата ќе започне во 9 часот, а во 11.30 часот предвидена е дегустација, оценување и сумирање на резултатите. Предвидено е и обраќање на градоначалникот Никола Бакрачески и прогласување на победниците и доделување на наградите. За добрата забава ќе се погрижи ансамблот „Билјана Јуниор“.