Формула за совршен прелив за салата

0
708

Освен што се поскапи од домашните, купечките преливи се полни со адитиви и конзерванси кои се штетни за здравјето. Затоа, наместо класичниот прелив од оцет, масло и сол, поиграјте си со состојките и ќе добиете нов вкус на салатите. Според рецептот за одличен прелив, помешајте 60 отсто масло, 30 отсто оцет и 10 отсто други додатоци според ваша желба и ќе ја добиете вистинската рамнотежа на вкусови и ароми.

Наместо маслиново масло можете да пробате со масло од сусам или авокадо, а наместо оцет, употребете вино, сол, лимон или лимета или оцет балсамико. Преостантите 10 отсто можат да вклучуваат свежи или суви зачински билки, мармалад, жумбир, лук, соја сос или таан. За да се поврзат добро состојките, дтавете оцет во сад со црн пипер и сол па измешајте убаво истовремено доллевајќи го маслото.

Слатко и кисело

Помешајте две лажички мармалад, лажица и пол оцет балсамико, па додадете 3 ллажици маслиново масло, сол и црн пипер.

Саткиот прелив одлично оди со салата од кељ, печено цвекло и ореви или со комбинација од јаболко, јаткасти плодови, горгонзола и спанаќ. Пробајте го и со јагоди, бадеми, рукола и козјо сирење.

Француски прелив

Ќе ви треба чешне лук кое ситно ќе го исечкате и ќе го помешате со сенф, лаичка ипол вино и 3 лажици маслиново масло, сол и црн пипер.
Подгответе го и додадете го на пример во салата од туна, маслинки, пченка, боранија и домати.

Азиски микс

Исечкајте чешне лук оа додадете лажица соја сос и лажица оризов оцет со 3 лажички масло. Послужете го со салата од пилешко, пиперка, морков, зелка, кикирики и рукола. Добра е и комбинацијата од кришки портокал, кашкавал, целер и спанаќ.