Веге песто од авокадо

0
819

Состојки:

1 многу зрело авокадо

1 чаша свежи листови од босилек

¼ чаша сечкани бадеми или пињоли

1 чешне лук

сок од половина лимон (1 лажица)

сол по желба

свеж ѓумбир (по вкус)

3-4 коцки мраз

Приготвување:

  1. Преполовете го авокадото и извадете ја пулпата.
  2. Излупете и исечете свеж ѓумбир.
  3. Додадете ги авокадото, листовите босилек, бадемите, лукот и коцките мраз (една по една) во блендер и мешајте се додека не се изедначи смесата.
  4. Додадете сечкан ѓумбир, сок од лимон и сол и мешајте уште неколку секунди. Ако сакате да биде потечно, додадете повеќе коцки мраз или 1 лажица екстра девствено маслиново масло.