Скара на камен од врвот Тодорица

0
1228

Иако велат дека мирисот на скарата е како пасивно пушење за веганите, ретко кој може да му одолее. Така и ние кога го намирисавме мирисот на печено месо во градината на нашите домаќини, Кети и Илија Илиеви во Банско, Бугарија, не само што не можевме да одолееме, туку наместо на џез, цела вечер останавме да уживаме во зеленчук и месо на скара, салата од домати, чушки и краставици од истата таа градина.

Но она што беше особено интересно, секако, не беше скарата како скара, туку приказната за тоа како нашиот домаќин кој наместо на решетка, месото го печеше на еден мазен голем црн камен под кој потпалуваше оган, го довлечкал тој камен на грб од врвот Тодорица (2746 метри надморска височина) на Пирин планина.

Каменот е тежок, а нашиот домаќин има и дископатија, но желбата да го „довлечка“ дома била посилна и од болката па сега, со секое палење на скарата, се потсетува на своето патешествие, а храната подготвена на него, е уште повкусна.

Патем, оригиналната боја на каменот била сива, а црна станала со текот на времето…колку повеќе скари се правеле, толку поцрна станувала. Сега изгледа токму вака.