Нутела на вегански начин

0
423

Нутелата е бренд познат во целиот свет. Повеќе од 95 отсто луѓе ќе кажат дека не постои подобар намаз за појадок. Тоа е необорив факт.
Но вистина е дека е Нутелата преполна со шеќер, масло и адитиви, а сите добро знаеме како тоа влијае на нашето здравје. Еве едноставен и брз начин како да си направите сами Нутела. Она што е најдобро кај овој рецепт е тоа што е базиран на веганска исхрана, па со самото тоа не мора да се грижите ниту околу доиполнителните килограми.

Состојки:

225 г сирови лешници
80 мл бадемово или млеко од соја
15 мл кокосово масло
30 мл јаворов сируп
6 меки урми
35 г какао во прав
5 мл екстракт од ванила
Четвртина лажичка сол

Приготвување:

Најпрвин покријте го плехот со хартија за печење, а потоа распоредете ги лешниците и печете ги околу 10 минути во загреана рерна. Откако ќе се испечат, истријте ги за да паднат лушпите. Мелете ги околу 5 минути за да добиете кремава маса па во добиената смеса ставете ги сите останати состојки и повторно мешајте. Кремот е готов кога сите состојки се рамномерно измешани.