Генијални прехранбени навики кои се исплати да се „украдат“

Подобрете ги своите навики и ископирајте ги оние на Кинезите, Јапоните, Французите, Полјаците...

0
218

Секој ден можеме да научиме нешто од другите, а особено кога станува збор за исхраната. Секогаш можете да го подобрите своето здравје, како и да најдете нови трендови и трикови поврзани со храната. Искористете ги и оние од другите култури. Повеќето се многу едноставни, па лесно можат да се интегрираат и во вашата исхрана и начин на живот. Еве некои фантастични, по малку чудни прехрамбени навики од Јапонија, Кина, Полска…

 

1. Сконцентрирајте се на уживањето о храната

Французите ја обожаваат хранта, но на поинаков начин. Јадат полека, не си го скусуваат она што го сакаат и си земаат доолно време за да уживаат во секое залче. Не јадат од нога и не им е важен квантитетот, туку квалитетот. Тоа им помага за одржување на тежината.

2. Употребувајте стапчиња за јадење

Ова може да ви помогне да јадете побавно и да запрете кога сте сити. Земајќи помали залаци полесно ќе препознаете кога е доста и нема непотребно да се прејадувате.

3. Додавајте повеќе зачини

Познато е дека во Азија и во Индија се користат многу зачини. Па зошто не би презеле некои нивни трикови. На пример, кари и куркума кои можат да го сузбијат апетитот, а говедското и брокулата во лут чили сос мое да го збарза вашиот метаболизам и да ве засити.

4. Јадете додека не сте 80 отсто сити

Во јапонската култура е обичај да се јаде додека не сте 80 отсто сити. Ако јадете до целосна ситост, желудникот ќе се прошири и ќе ви треба се повеќе храна за да го наполните. На овој начин ќе ја намалите надуеноста.

  1. Пијте зелен чај пред и после јадење

Во Кина често пијат чај пред и после јадењето, а студијата објавена во  Journal of the American College of Nutrition објаснила дека консумацијата на зелен чај може да го забрза метаболизмот.

6. Не ја заборавајте медитеранската исхрана

Оваа исхрана е полна со овошје, зеленчук, маслиново масло, риба и цели житарки. На овој начин ќе бидете и поздрави и посреќни.

7. Јадете почесто дома

Полјаците се еден од народите кои најчесто јадат дома и кои на работа си носат храна од дома. Така знаат точно што јадат, избегнуваат адитиви и штедат пари.

8. Бои на чинијата

Ако ставите што повеќе различни бои на чинијата, ќе му ги обезбедите на телото потребните нутриенти. Јапонците сакаат вакви разнобојни оброци.