Состојки:
3 супени лажици маслиново масло
2 поголеми главици кромид, грубо исечкан
2 моркови
5 чешниња лук
Две конзерви од околу 750 мл пире од домати (ако го правите сами, ви требаат околу 1,5 литар исечкани, варени домати)
4 шолји вода
1 ипол шолја цеден сок од портокал
1/4 шолја шеќер
Сол по вкус
10 ливчиња свеж босилек + неколку за декорација
1/3 шолја павлака
Приготвување:
- Загрејте го маслото во поголемо тенџере, на средна температура. Додадете ги морковите исечкани на тркалца, кромидот и згмечениот лук и повремено мешајте додека зеленчукот не омекне.
- Додадете ги доматите, водата, сокот од портокал, шеќерот, солта, босилекот и варете додека не проврие, а потоа поклопете го тенџерето и оставете да се вари околу 25 минути.
- Кога ќе се олади, измешајте се во блендер или со миксер, додадете ја павлаката и ставете ја супата во фрижидер добро да се излади. Украсете со ливчиња свеж босилек и служете ја ладна.