Шведските палачинки не се разликуваат многу од другите, но специфично за нив е што се прават со путер, наместо со зејтин. Токму путерот им дава мекост и посебен вкус.
Состојки:
2 jaja
1¾ шолји млеко
3/4 шолји брашно
30 г растопен путер
Прстофат сол
Приготвување:
Во поголем сад изматете јајца и пола од млекото. Додадете го брашното и добро измешајте. Ставете сол, остатокот од млекото и растопениот путер.
Растопете малку путер во тавата за палачинки, ставајте од тестото како што правите и обично и печете ги палачинките околу минута од секоја страна.