Сите љубители на слатко-солени комбинации знаат колку добро оди пршутот со овошните ноти на дињата и грозјето, но ако не сте пробале досега, пробајте, и ќе видите дека ниту смоквата не е исклучок.
Состојки:
8 – 10 смокви
Неколку капки оцет балсамико
Неколку капки маслиново масло
Крупна морска сол
Свежо мелен црн пипер
4-5 тенки листови пршут
Овчи кашкавал
Мента
Приготвување:
- Исечете ги смоквите на пола и кратко потпечете ги во грил тава без додавање на маснотии, свртени со исечената страна надолу.
Печете ги 1 – 2 минути и веднаш тргнете ги од тавата. Накапете ги со малку оцет и маслиново масло и поросете со сол и црн пипер.
- Пршутот исечете го на тенки ленти и секоја смоква обвиткајте ја со една лента.
Наредете ги вака завитканите смокви на чинија
- Ставете одозгора тенко исечени парчиња овчи кашкавал и ливчиња мента. Послужете ги додека се се уште топли.