Пикантен џем од домати и чили

0
369

Состојки:

1 кг зрели долгнавести меснати домати

170 г кафеав шеќер

1 лажичка сол

1 лажичка мелен ѓумбир

1 лажичка мелен ким

½ лажичка чили во прав

½ лажичка млен црн пипер

¼ лажичка мелен бел пипер

1 лажичка здробена сушена црвена пиперка

½ лажичка мелен цимет

¼ лажичка мелени каранфилчиња

2 лажици свежо цеден сок од лимон

1 пакетче средство за подготвување џем

Приготвување:

  1. Исчистете ги доматите од семките и лушпите и исечете ги. Ставете ги во тенџере сите состојки освен сокот од лимон (средството за подготвување на џем претходно помешајте го со шеќерот).
  2. Ставете го тенџерето на рингла, на средна температура и варете 60 – 80 минути додека смесата не се згусне. Потоа помешајте го и сокот од лимон и почекајте смесата повторно да се загрее.
  3. Ставете го пекмезот во врели стерилизирани стаклени тегли, добро затворете ги и оставете да се оладат.