Салатата од цвекло е супер здрав оброк одличен и ако сакате да изгубите некој килограм пред да заминете на одмор.
Се разбира, едноставно е и да се направи но задолжително употребете сок од портокал или од лимон бидејќи токму тоа му дава убав и свеж цитрусен вкус.
Состојки:
Варено цвекло
1 лажица ситно сечкан магдонос
Маслиново масло
Сол, црн пипер
1 портокал
Фета или козјо сирење за поросување
Приготвување:
- Ставете го цвеклото во ладна вода и откако ќе проврие оставете го да се вари 40-45 минути, во зависност од големината на цвеклото. Откако ќе се свари, излупете го и исечете го на колку што можете потенки тркалца.
- Наредете ги на чинијата за сервирање и прелијте ги со исцеден сок од портокал, сол и црн пипер, прелијте со маслиново масло и ситно сечкан магдонос и оставете ја чинијата покриена со проѕирна фолија барем еден час во фрижидер.
- Пред да ја послужите наросете со сирење.