Пица: домашна, брза и здрава

Дали е добро да се ужива во брза храна? Да, ако е направена на здрав начин! Токму таква е оваа пица со интегрално брашно и зеленчук.

0
604

Состојки:

1 ипол шолја млака вода

2 лажички сув квасец

Прстофат шеќер

4 шолји интегрално брашно помешано со пченично

1 лажичка сол

¼ шолја зејтин

200 г сос од домати

100 г моцарела

Зејтин

100 г црвена пиперка

100 г жолта пиперка

100 г домати

100 г шампињони

Тиквичка

Оригано и босилек

За тестото:

  1. Во шолја ипол млака вода помешајте две лажички сув квасец и прстофат шеќер. Оставете нека стои на собна температура околу 5 минути.
  2. Во поголем сад ставете четири шолји интегрално брашно помешано со пченично и со лажичка сол.
  3. Додадете четврт шолја зејтин, смесата со квасец и вода и шеќер, помешајте и замесете тесто. Од тестото обликувајте топчиња, покријте ги со крпа и оставете да стојат на собна температура додека не станат двојно поголеми.

За филот:

  1. Расукајте го тестото и ставете го на намрсен калап или врз хартија за печење. Премачкајте го со сос од домати, ставете пола од моцарелата, а потоа зеленчукот (тиквица, патлиџан, печурки) кои претходно можете накусо да ги пропржите на масло.
  2. Потоа ставете го другиот дел од моцарелата и по желба поросете си босилек и оригано.
  3. Печете во загреана рерна на 200 степени 15-20 минути.