Состојки:
5 жолчки
100 г шеќер
Рендана кора од лимон
5 белки
150 г хељдино брашно
Путер за премачкување на калапот
Прелив:
500 мл бело вино
200 г шеќер
1 цимет
2 каранфилчиња
1 стапче ванила
Приготвување:
1. Изматете ги жолчките и шеќерот, па додадете ја кората од лимон и наизменично додавајте од брашното и од снегот од белки кои посебно ќе ги изматите.
2. Ставете ја смесата во калапот за печење намачкан со путер (со димензии 20-22 цм) и печете на 180˚C околу 30 минути. Извадете ја и оставете ја да се олади.
3. Сварете го виното со шеќерот и зачините на пареа. Добро изладете.
4. Постепено добро натопете ја изладената торта со преливот од вино и послужете со 1 лажица павлака.