НАСА објави видео во кое еден од искусните астронаути објаснува како тие си ги прават сендвичите во вселенската станица. Тие, наместо леб, користат тортилји, а најмногу проблеми им задаваат летечките состојки кои понекогаш знаат да завршат на неочекувани места. Токму од таа причина астронаутите користат лепливи ленти кои ги поставуваат на рамни површини за да ги залепат намирниците за сендвичи и другата храна, па дури и тортилјите.
„Има многу работи на кои мора да мислите кога јадете тука“, објаснува астронаутот во видеото на НАСА, со насмевка на лицето.