Салата од целер

За да се спречи оксидацијата, односно, за да не стане коренот од целер после рендањето сив и неугледен, треба да го испрскате со сок од лимон или со јаболков оцет.

0
846

Состојки:

За преливот:

1 лажичка сенф

3 лажици маслиново масло
1 лажица јаболков оцет

Приготвување:

1 лимон
1 среден целер

2 стебленца од целер

Магдонос
1 рака ореви

50 г пармезан

Маслиново масло

Приготвување:

Најпрвин направете го преливот и оставете го малку да отстои.

Целерот изрендајте го и прелијте го со сок од 1 лимон. Додадете сол, црн пипер, ореви, исечкан магдонос и на ленти исечени стебленцата од целер. Измешајте, ставете на чинија и додадете пармезан исечен на тенки листови, а потоа зачинете ја салатата со прелив и со маслиново масло.