Храна која опушта како релаксирачка масажа

Дали знаете дека некои намирници навистина можат да делуваат врз вашето расположение, да ве опуштат и да ви го намалат стресот

0
736

Стресното секојдневје влијае врз човековото здравје, предизвикува главоболки, желудочни тегоби, засилено чукање на срцето и несоница. Зошто против овие негативни последици да не се борите со храна? Еве попис од седум антистрес рецепти кои ќе ви ги опуштат сите мускули во телото.

  1. Смути од банана и кафе

Направете смути од кафе, млеко од соја, зрела банана и малку горчливо какао. Оваа комбинација го зголемува нивото на серотонин и допамин во телото, го намалува крвниот притисок и е идеално решение за течен оброк пред работа.

  1. Овесна каша со цимет

Консумирањето на топла овесна каша го поттикнува излачувањето на серотонин, кој го нарекуваат и хормон на добро расположение. Овесот е преполн со прехранбени влакна кои бавно отпуштаат енергија во телото и ја балансираат количината на шеќер во крвта. Додадете малку цимет затоа што овој зачин ја намалу фрустрираноста, и лажичка мед – кој е природен засилувач на имунитетот.

  1. Црно чоколадо со бадеми

Јадете темно чоколадо со висок процент на какао и бадмеи затоа што станува збор за моќна комбинација која го намалу стресот, го снижува крвниот притисок, дава енергија и ви помага во борбата со депресијата.

  1. Јаткасти плодови и семки

Со комбинацијата од фстаци, бадеми, ореви и семки од тиква ќе се снабдите со влакна, антиоксиданси и незаситени масни кислеини кои го опуштаат телото од напнатоста и го подобруваат расположението. .

  1. Грицкајте морков

Дали сте од оние кои јадат се пред себе кога се под стрес: Понекогаш во борбата со стресот ќе ви помигне и самиот чин на грицкање на нешто крцкаво. Наместо ипс и други нездрави грицки, земете си свеж морков.

  1. Чипс од кељ

Од листовите на свеж кељ и малку маслиново масло направете крцкав чипс од рерна. Кељот е супернамирница која содржи мноштво хранливи материи кои го јакнат имунитетот, ја олеснуваат исхраната и го снижуваат крвниот притисок. Кељот е одличен извор на каротеноиди, соединение кое е поврзано со оптимистично размислување.

  1. Пијуцкајте си вино

Пиењето помали количини на алкохол ќе ви го снижи крвниот притисок и ќе ве опушти од напнатост. Виното е преполно со флавониди и антиоксиданси кои го јакнат имунитетот и спречуваат некои болести. Пијте со кратки голтки една чаша на ден, и опуштете се на крајот од работниот ден.