Оваа крем чорба се прави од само неколку состојки, но е вистинска витаминска бомба, а можат да ја направат дури и оние кои немаат никакво искуство во кујна.
Состојки:
1.5 л вода
3 лажици маслиново масло
3 поголеми парчиња праз (само светло зелениот и белиот дел)
2 чешниња лук
1 брокула
3 компири
Сол и црн пипер
Магдонос или рукола
Приготвување:
- Загрејте го маслото во подлабоко тенџере на средна температура и додадете ги празот, лукот, сол и црн пипер. Динстајте додека не омекне, околу 5-7 минути.
- Ставете вода, а потоа и компирите исечкани на коцки и малку подоцна и брокулата поделена на цветчиња.
- Кога ќе омекнат изматете ги во блендер или со рачен миксер додека не ја добиете саканата густина.
- Пред послужување поросете ситно исечкан магдонос или рукола и попрскајте со малку маслиново масло по желба.