Ако треба да кажеме кој ни е фаворит кога станува збор за крамбл, одлуката е навистина тешка. Некогаш мислиме дека е тоа крамбл со вишни, некогаш со јагоди, некогаш со праски, некогаш со кајсии…а што да се прави кога е вкусен во секоја варијанта!
Состојки:
800 г кајсии
3 лажици кафеав шеќер, за кајсиите
150 г овесни снегулки
100 г брашно
100 г ладен путер
100 г кафеав шеќер
3 лажици мед
Приготвување:
- Вклучете ја рерната на 180°C.
- Кајсиите преполовете ги или исечете ги на четвртинки и наредете ги на дното од тепсијата и поросете ги со кафеав шеќер.
- Помешајте ги брашното, овесните снегулки и шеќерот. Додадете ги коцките путер и со прсти помешајте ги за да се направат трошки, а потоа додадете го и медот и направете покрупни трошки.
- Поросете рамномерно врз кајсиите и дополнително додадете уште две лажици мед пред да ја ставите тепсијата во рерна.
- Печете во загреана рерна околу 35-40 минути или додека трошките не добијат темно златна боја. Служете го топол со сладолед.