Чоколадна торта без брашно

Оваа торта сигурно нема да ја најдете во ниту една слаткарница, зашто се знае, ништо поубаво од домашна торта. Оваа е навистина богата и нема ниту трошка брашно. Затоа пак има доста шеќер и чоколадо па правете ја само за специјални пригоди.

0
520

Рецептот за оваа бомба-торта со 13 јајца, многу чоколадо и ореви, а ниту трошка брашно, ни ја испрати госпоѓа Викторија Симиќ.

Состојки:

За тестото:

9 јајца

200 г ореви

200 г шеќер

150 г чоколадо

1 лажичка млеко

За филот:

4 јајца

250 г путер

200 г шеќер

150 г чоколадо

Приготвување:

  1. Изматете ги жолчките и шеќерот па додадете го растопеното чоколадо. Одделно матете ги белките додека не добиете цврсто шне кое потоа ќе го измешате со првата смеса. Се заедно ставете во калап за торта и печете во загреана рерна на 200 степени.
  2. Филот направете го такашто ќе го растопите путерот и ќе го изматите заедно со шеќерот, па ќе ги додадете растопеното чоколадо и четири цели јајца.
  3. Кога тестото ќе се испече оставете го да се излади па пресечете го на половина. Врз едниот дел ставете половина од филот, а одозгора и другата половина. Поросете со мелени ореви и украсете по желба.