Нусрет Гокче се прослави со својот специфичен метод на посолување на храната поради кој го доби и прекарот Салт Бае. Тој не зборува англиски, но сепак успева да комуницира со своите бројни обожаватели ширум светот – преку месото.
За неколку месеци тој се здоби со 7 милиони следбеници на Инстаграм, Ријана и Бен Афлек носеа маици со неговиот лик, а од неговите месни специјалитети се воодушеви и Леонардо ДиКаприо. Се сеќавате на фотографијата со која готвачот Нусрет Гокче се пофали на Инстаграм, кадешто за 24 часа собра над 600.000 лајкови?
Вештината на сечење на месо ја научил уште како 14.годишник кога почнал да работи како помошник месар.
Денеска е сосопственик на пет ресторани во Турција и во Дубаи и има 400 вработени, а наскоро ќе ја прошири работата и во Лондон и Њујорк.