Пред да се појават на пазарите оние убави големи прекрасни џиновски плодови, искористете ги последните резерви на замрзнати модри патлиџани кои, евентуално, се уште ги имате во замрзнувачот и направете вкусна мусака. Добро е што може да се прави од денеска за утре, па ете, ако немате идеја за утрешниот ручек, ова е нашиот предлог.
Ако немате повеќе модри патлиџани, купете свежи или најдете некој што има 🙂
Состојки:
300 г мелено месо
1 главица црвен кромид
Малку ориз
2-3 јајца
Сол, црн пипер, зачини по желба
Масло
Приготвување:
- Исечкајте го кромиот и пропржете го на загреано масло, па додадете ги месото и зачините.
- Откако ќе се испржи месото додадете малку ориз.
- Во сад за печење наредете тркалца од одмрзнатите модри патлиџани, ставете од филот со мелено месо и одозгора ставете уште еден ред модри патлиџани.
- Ставете го садот во загреана рерна и печете 30-тина минути, извадете, прелијте одозгора со матени јајца и потпечете уште 5-10 минути.