Свеж лосос ала шеф Маре Јаневска

0
396

Состојки:

Свеж лосос

2 главици цвекло

2 лимети

50 мл џин

2 супени лажици крупна сол

2 супени лажици кафеав шеќер

1 китка свеж копар

Приготвување:

  1. Цвеклото се става во блендер заедно со џинот и кога ќе биде готова смесата се префрла во длабок сад. Ѝ се додаваат шеќерот, солта и 1/3 од свежиот копар, претходно исечкан. Се меша се заедно и се нанесува врз филетата од лосос насекаде рамномерно. Потоа лососот се витка во мрсна хартија и во најлонска фолија. Се остава во фрижидер да отстои 24 часа.
  2. Следниот ден лососот се вади од хартијата и се отстранува маринадата (со кујнска хартија се чистат остатоците од маринадата). Потоа му се додава 30мл. џин, уште по една лажица кафеав шеќер и крупна сол и исечкан остатокот од свежиот копар. Повторно се завиткува во хартија и најлон фолија и се остава усте 6-8 часа во фрижидер.
  3. Вака подготвен лососот се сечка на тенки листови и се сервира по желба со потпечено црно лебче со семки, павлака, лимон и гранчиња свеж копар.