Замрзнат јогурт од јагоди

Ако не ги искористиме сега, ќе ги сонуваме до следната пролет...а има ли нешто поубаво од јагоди во сите можни варијанти?!

0
337

Состојки:

2 шолји павлака

2 шолји свежи јагоди

1 ванила

Приготвување:

  1. Иситнете ги јагодите со миксер додека не добиете пире заедно со ванилата.
  2. Додадете ја павлаката и измешајте ја со лажица.
  3. Ставете ја смесата во калапи (може и калапи за мафини) и ставете ја во замрзнувач. Нека стои таму пет часа. Кога ќе посакате да го јадете замрзнатиот јогурт само дното од калапот полека потопете го во топла вода.