Нови награди за македонските готвачи во Крањска Гора

0
217

Како претставници на националната Асоцијација на Готвачи и Шефови – ГастроМак Македонија, шеф Игор Атансов и шеф Кристијан Китанов се натпреваруваа во категориите на Традиционални и Модерни јадења.

Две бронзени медали заработи Игор Атанасов во подготовка на Традиционално и Модерно јадење, додека за истите категории, младиот и талентиран шеф Кристијан Китанов, под менторство на шеф Влатко Ѓоргиевски, освои по едно сребро и бронза.

Со кулинарските вештини и креативност, двајцата македонски шефови ги задоволија и највисоките критериуми на натпреварот и ги освоија симпатиите на жирито.