Ако се уште ја имате својата низа сушени црвени пиперки од зимоска, потпечете ги на плотна или на скара, испечете и некоја лута зелена пиперка, се разбира, ако сакате луто, додадете многу многу ситно сечкано или згмечено лукче, ставете маслиново масло, оцет, магдонос…
Ако го ставите ова за предјадење, го консумирате со сирење и со леб, оф, којзнае дали ќе ви остане место и за главното јадење…
Не знаеме зошто, велат нашите читатели, но потоа децата се држат на безбедно растојание од нас…велат дека сме мирисале на лук!!!