Знаете ли како изгледаат јајца од „слободни“ кокошки?

Иако постојано се пишува за тоа како да се разликуваат природните јајца од оние кои ги несат кокошките во конвенционалното производство, верувајте, упатства не ви требаат кога пред вас ќе ги видите овие чудесни јајца

0
2192

Сите сме ги слушале приказните за вкусот и изгледот на јајцата што ги несат кокошките кои слободно се шетаат низ селските дворови, но ретко кој од нас имал можност да ги види и да ги вкуси.

Многу се пишува и се анализира кои се подобри, што содржат, по што да ги разликуваме и купувајќи сите сме експерти, ги тресеме во близина на увото за да ги препознаеме по звукот, ја гледаме бојата, па некогаш знаеме и да скршиме едно колку да ја видиме бојата на жолчката и да одлучиме дали ќе купиме повеќе или ќе си одиме со тоа едно јајце кое на крајот може евентуално да го искористиме за правење маска за лицето или за косата. Но ви треба ли сето тоа кога некој пред вас на масата ќе стави вакви чудесни јајца?

Секако дека не треба. Викендов ги пробавме овие јајца од село Шлегово, на Тони и Соња Николови, и сите дилеми исчезнаа… еве како изгледаат јајцата од кокошки што слободно се шетаат низ двор и не се хранат со концентрати…дали се вкусни?

Ммммммммммм….АХА!