Кулинарски тајни заради кои вашето јадење ќе стане специјалитет

0
366

Постојат многу техники и трикови кои можете да ги примените во својата кујна и со кои ќе го подобрите сопственото готвење, а ова се некои од најважните што ги употребуваат професионалните готвачи и заради кои нивната храна има толку добар вкус.

1. Гответе на силен оган

Повеќето луѓе стравуваат од силен оган затоа што се плашат да не го препечат јадењето, но ако сакате совршена текстура, морате да ја зголемите температурата. Кај совршената шницла нема крцкава и запечена надворешност ако не го засилите огнот. Исто е и кај варењето на зеленчукот – ако долго го готвите ќе стане кашест, а кога ќе го фрлите во вода што врие, само кратко го варите и ќе биде совршено.

Како ќе знаете кога треба да готвите на ниска, средна или на висока температура?

Размислете за текстурата на храната што сакате да ја постигнете. Кај готвењето на силен оган храната многу побрзо се вари однадвор, отколку однатре. Ако имате дебели шницли кои сакате да ги испечете во тава, а целта ви е да бидат меки и сочни, ќе ги печете на послаб оган подолго време, ако имате на пример свиснко филе, кај кое целта ви е да остане однатре сочно и розеникаво, а однадвор убаво печено, ќе го ставите на кратко на силен оган.

  1. Кромид, уште кромид и уште кромид

Кромидот е една од најмалку ценетите намирници надвор од професионалните кујни. Антони Бордејн, еден од најпознатите телевизиски готвачи, напишал во својата книга „Досие кујна“ дека во неговиот ресторан се трошат околу 9 кг кромид на ден и дека сите го користат за да го подобрат вкусот на било кое јадење.

  1. Сами правете ги своите резерви

Многу рецепти се прават со говедско, пилешко, сос од домати и зеленчук, а многу луѓе користат дома конзервирана или смрзната верзија на таа храна. Дома приготвените сосови, пресувани домати, откостено месо или домашен замрзнат зеленчук имаат многу подобар вкус. Многу професионални готвачи сами ги приготвуваат своите резерви кои потоа можат да ги користат во разни јадења.

  1. Се се прави на путер

На прашањето која е главната разлика во готвењето дома и во ресторан, путерот е првата работа што ќе ја споменат многу готвачи. Може да се користи во многу јадења, а дава дополнителна мекост и вкус како и нежна кремава текстура.

  1. По печењето остравете го месото малку да отстои

Имено, за време на подготвувањето сета течност се собира во средината на месото и треба некое време за месото да се опушти и да се расподелат сите ароми и вкусови. Не треба да се чека долго, само неколку минути.

  1. Подгответе ги сите состојки однапред

Големите готвачи пред да полчнат да готват гледаат да подготват се што им треба. Кромидот исечкан, зачините наредени, месото исчлукано и зачинето, приготвени точно одредени количини н сите состојки. На овој начин е се побрзо и посигурно.

  1. Свежите зачини се најдобри

Знаете дека постои огромна разлика помеѓу свежите зачински билки и сушените, како на пример, кај рузмаринот и босилекот. Исто така, ако предолго стојат, го губат вкусот.

Совет на готвачите е од време на време да се прегледаат зачините и да се фрлат  оние со поминат рок, а потоа да се направи тест со мирисање, ако зачинот нема силен мирис, спремен е за фрлање.

  1. Изгледот е важен

Се разбира дека е важно како изгледа храната. Обидете се да користите состојки со бои, како на пример, моркови или обојте го сосост со зачин со силна боја, како на пример, со куркума или со црвена пиоперка. Исто така, не ја изнесувајте храната во тавата во која сте го печеле месото или во садот во кој сте ги вареле компирите. Сервирајте во убави чинии.

  1. Се се сече на исти големини

Сечкањето на сите состојки на исти парчиња не е важно заради изгледот туку за да се сварат сите истовремено. Треба време за да с еизвежба техниката на сечкање, но кога ќе ја совладате, сте го преполовиле времето за приготвување на состојките.