Што се пие во светот?

Шпанците уживаат во необичниот пијалок карајило кој е комбинација на кафе со бренди или рум, а Филипинците во змиско вино

0
482

Заборавете на индустриските, здодевни пијалоци со кои сте секогаш на сигурно. Кога сте во Рим, однесувајте се како Римјани. Односно, кога сте на Филипините, пијте змиско вино!

Мексико

Кога сте во земјата на сомбрерата, дозволете си пулкуе. Станува збор за стар пијалок кој е познат поради своите нутритивни вредности. Како и текилата, се добива од агава.

Литванија

Литванците се гордеат со медовицата. Овој пијалок е познат и кај нас, но сепак, Литванците ја донеле оваа ракија од мед до совршенство, со оглед на фактот што ја пијат буквално илјада години.

Бразил

Ако одите во Копакабана, нарачајте си каипиринха. Се прави од какача, лимета и шеќер, а иако е блага, не претерувајте.

Турција

Во Турција најмногу уживаат во боза. Ние барем знаеме што е тоа боза! За неа не мора да одите дури до Турција.

Украина

Секако, како и нивните соседи, Русите, и Украинците се луди по вотка. Туристите кои ја пробале се колнат дека е таму најдобра на светот, а особено ја фалата онаа со додатоци од мед и црвен пипер.

Португалија

Португалците се опуштаат пиејќи сангрија. Таа се прави од вино, овошје и билки, а нејзината предност е што е лесна и нема многу алкохол.

Данска

Се разбира, тука се пие пиво, но не било кое, туку Tuborg Julebyrg божикно пиво. Секоја година се става во продажба во исто време, првиот петок во ноември.

Италија

Тука е најдобро да се ужива во некое добро вино, а изборот е голем. Прекрасно е тоа што секој регион во Италија си има свое вино такашто грешка при изборот е  речиси невозможна.

Шпанија

Шпанците уживаат во Шпанците уживаат во необичниот пијалок карајило. Станува збор за комбинација на кафе со бренди или рум. Обично се пие после вкусна и обична вечера.

Филипини

За ова треба да се има храброст, но веруваме дека кога ќе пробате, нема да ви биде жал. Имено, Филиупинците уживаат во змиско вино. Целаа змија се става во тегла со оризово вино и така стои со месеци. Вкусовите на змијата и виното меѓусебно се проникнувааат, а резултат е вино какво штоо досега не сте пиеле никогаш.