Состојки:
1 шолја путер од кикирики (по можност, со парченца од кикирики)
1 шолја кафеав шеќер
1/2 лажичка сода бикарбона
1 големо јајце
½ шолја брашно
1/4 лажичка сол
1 лажица екстракт од ванила
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 170 степени и ставете хартија за печење во тепсијата.
- Измешајте ги путерот од кикирики, шеќерот, содата и солта. Додадете ги разматеното јајце и екстрактот од ванила, а потоа и брашното.
- Направете 24 колачи и притиснете ги со вилушка за да добиете рецки.
- Печете ги 10-12 минути.